ОМО Илинден Пирин: На бугарските фалсификатори кратки им се нозете

  • Објава на ОМО Илинден Пирин – забранетата партија на Македонците во Бугарија

Уште една потврда дека името на востанието е ИЛИНДЕНСКО и дека не постои Илинденско-Преображенско востание, како што сакаат да го прикажат бугарските историчари – фалсификатори, кои му го смениле името во 60-тите години на 20 век, во времето на диктаторот Тодор Живков.

Бугарските историчари не знаеле како да го избришаат македонскиот идентитет на востанието, и решиле да му го сменат и фалсификуваат името, за да му дадат лажен бугарски карактер!

Фотографии од 1923 година – прослава на 20 годишнината од Илинденското востание

Двете фотографии се од 1923 година, во Софија, на кои околу 10 илјади Македонци – од кои голем број емигранти во Бугарија, организираат прослава на 20-годишнината од Илинденското востание.

Под фотографиите добро се чита:

„Дваесетгодишнината од Илинденското македонско востание се отпразнува в Софија најторжествено (најсвечено). После панихидата во централната црква ‘Света Недела’, манифестацијата од неколку десетици илјади Македонци се упати кон гробиштата, на чело со Илинденското знаме, знамињата на разните братства наредени по азбучен ред, портретите на починалите македонски дејци и многубројни венци.

На десно се одделните братства пристигнати на плоштадот пред црквата. На лево, почетокот на манифестацијата, која завива (врти) по улицата „Гробарска“ напред со Илинденското знаме и грамадниот плакат со картата на Македонија“.