Левица: AСНОМ е темелот на современата македонска држава – Делегацијата на Левица положи цвеќе во Пелинце

  • Соопштение на Левица – ЛО Куманово

Македонците претрпеа бројни порази, генерации Македонци ги дадоа животите за Македонија, но идејата за слободна Македонија никогаш не згасна, таа стана реалност!

АСНОМ-ска Македонија е темелот на македонската државност до ден денес. АСНОМ е резултат на бројните претходни борби за државност како Крушевската Република и на искуството кое македонскиот народ го стекна низ историјата. Искуство кое покажа дека единствениот пат на македонскиот народ кон државност е преку борбата против силите на империјализмот и во сојузот со сите од него угнетени народи на балканот и ширум светот.

По повод Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2-ри август 1944 година, денес, делегацијата на Левица од ЛО Куманово, предводена од советникот во Општина Куманово од редовите на Левица, Никола Лазаревски, заедно со членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил-Хактан, положија цвеќе во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

Во овие времиња на национална и социјална потиснатост на македонскиот народ, време во коеа фашистичката реторика и практика на голема врата се враќа кај некои од нашите соседи, кога повторно се рехабилитира фашизмот, наша должност е да го спречиме разурнувањето на македонската државност и да обезбедиме иднина за нашите поколенија во своја независна и слободна држава!

Вечна Слава за Илинден и АСНОМ!