Човек, пандемија, капитал

„Во услови на пандемија, кога на секој човек, заболен од ковид или од било која друга болест, му е потребна (повеќе од било кога) здраствена заштита, некои персони (во прикриена форма) ја поставуваат „дилемата“ дали секој има право, т.е. може здраствено да биде згрижен или треба да биде препуштен на милоста-немилоста на немаштијата.

Оттука, крајно актуелна станува Марксовата констатација, дадена пред скоро два века: „Човекот станал само работник и во својство на работник има само онакви човечки својства што му се потребни на капиталот.“

Сето останато е надвор од интересот на капиталистот/стопанот, како и на „неговата“ држава, која на најбезобразен начин си ја присвоил единствено за себе. Светот може да пропаѓа, може да отиде во мајчината, само раатот на капиталот/стопанот да не се наруши.


ЧОВЕК, ПАНДЕМИЈА, КАПИТАЛ. Во услови на пандемија, кога на секој човек, заболен од ковид или од било која друга болест,…

Posted by Љубомир Цуцуловски/Ljubomir Cuculovski on Friday, 20 November 2020