Апасиев е единствениот македонски политичар што се поклони на гробот на Јане Сандански

Денес, вo Мелник на гробот на македонскиот војвода и револуционер Јане Сандански, ОМО Илинден Пирин и други македонски здруженија и организации беше одбележан 107-годишнината од убиството на Пиринскиот Цар.

Во јавниот повик од организаторите беа поканети сите политички фактори во државата, институции, организации како формални така и неофицијални здруженија на граѓани, па дури и индивидуалци. За жал, од државниот естаблишмент и од македонската политичка елита никој не се појави на овој настан.

Единствено Претседателот на Левица и Пратеник во Собранието Димитар Апасиев, заедно со Генералниот секретар на партијата, Јована Мојсоска беа да оддадат почит, на македонскиот револуционер.

За ова оддавање почит на македонскиот револуционер соопштија на официјалната страница на партијата. Тие оствариле голем број на неформални разговори со Македонците во Бугарија, разговарале за нивните маки, проблеми и репресии со кои се соочуваат во борбата за остварување на основните човекови права во држава членка на Европската Унија.