Народна Република Кина до Јапонија: Доколку радиокативната вода од Фукушима е безбедна тогаш користете ја за пиење!
Ваквите забелешки на кинеското Министерство за надворешни работи следуваа откако, во вторникот, јапонската влада објави дека во морето одлучила да испушти повеќе од 1 милион тони вода собрана за време на нуклеарната непогода во 2011 година, која се случи поради цунамито во јапонскиот град Фукушима.
Ваквата одлука беше донесена во моментот кога јапонска компанија за електростопанство TEPCO, која го сервисира јапонскиот регион Канто, обзнани дека нема повеќе капацитети за складирање на ваквата контаминирана вода од регионот.
На ова, соседите на Јапонија, Кина и Јужна Кореја, изразија загриженост за овој потег, исто така загриженост изразија и локалните рибари и други групи кои се засегнати од опасноста која може да му се случи на тој дел од крајбрежјето.
Откако јапонскиот официјален претставник посочи дека водата која ќе се испушта во океанот дури и е безбедна за пиење, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лицзјан (Zhao Lijian), го предизвика јапонскиот официјален претставник, доколку е така, наместо да ја истурат во океанот, таа вода да ја испијат.
Џао Лицзјан, подвлече дека океанот не е корпа за ѓубре во Јапонија, и пацификот не е јапонска канализација. Тој додаде дека Јапонија не треба да очекува светот да ја плати сметката за нејзиното несоодветно третирање на отпадните води и дека е недозволиво јапонските власти да го игнорираат ова.
Додека Соединетите држави ја понудија својата поддршка за ваквата одлука на Јапонија во врска со контаминираната водата во Фукушима, а потпаролот на кинеското МНР, во средата, рече дека јапонската страна треба да постигне договор со сите заинтересирани земји пред да продолжи со ваквиот план.