Апасиев: Претседателот на Уставен суд повторно во одбрана на банкарското лоби!

Уставниот суд повторно го одложи одлучувањето по иницијативата на оштетените штедачи од Еуростандард банка, со изговор дека можно е одредени судии од Уставниот суд да имаат судир на интереси во оваа постапка. Имено, двајца уставни судии имаат(ле) штедни влогови во Еуростандард банка, чии оштетени штедачи ја покренаа иницијативата.

Причината за одложување на одлучувањето по оваа иницијатива, која треба да ги обештети оштетените граѓани, е што претседателот на судот ќе покрене иницијатива до Антикорупциската комисија за да провери дали кај некој уставен судија има судир на интереси кој би можел да влијае на одлуката за нивното гласање, велат од Уставен.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше ваквото непостапувањето на Уставниот суд денеска, подвлекуваќи дека Претседателот на Уставен суд повторно во одбрана на банкарското лоби!

„Претседателот на Уставен суд повторно во одбрана на БАНКАРСКОТО ЛОБИ!

Кога си гласаа за сопствените плати – тогаш, немаше „судир на интереси“, иако имаше!А сега – кога треба да укинат законска одредба која е на штета на илјадници граѓани, ќе проверувале дали има „судир на интереси“!? А бе гревови – како може да има судир на интерес во спор in abstracto? Ова не е конкретен судски спор (помеѓу луѓе), туку апстрактен спор (помеѓу прописи, т.е. помеѓу Устав и закон).

Не се правете мезе пред народот, со сето ваше правно незнаење!”, Апасиев напиша во постот на својот фејсбук профил. 

Претседателот на Уставен суд повторно во одбрана на БАНКАРСКОТО ЛОБИ! Кога си гласаа за сопствените плати – тогаш,…

Posted by Димитар Апасиев on Thursday, 15 April 2021