Јанески: Соживот меѓу Македонците и Албанците само преку АСНОМ

  • Фејсбук статус на Марио Јанески – Претседател на Црвена Младина

Ги поставуваме имињата на загинатите партизани од Втората Македонска Ударна Бригада, поминува Чаирчанец – Албанец, во зрели години, подзастана со неговиот велосипед да види што правиме…брзо чактиса што и зошто правиме, и направи една чудна гримаса, на разочарување и восхит…

Потоа кратко ни дофрли…Вели, дедовците мои беа партизани, се бореа во Кичевско, едниот загина за жал, едниот прежиева..Само напред момчиња рече и си замина…

На момент си помислив, како успеавме од тоа да стигнеме до ова денес? Зошто сака некој да ги избрише историското минато каде што Албанците и Македонците рамо до рамо се бореле против окупаторот? Кому му смета соживотот на Албанците и Македонците? Па на терористичкото крило на УЧК, се разбира…Тие сонуваат за Голема Албанија…

Уште долго ќе го паметам тој поглед од вчера…Додека не се избориме за подобрите времиња, а ќе се избориме и ќе победиме!