Иницијативата „Спас за Струмичка котлина“ со поддршка на борбата за „Чебрен“

  • Од иницијативата „Спас за Струмичка котлина“ која се бореше против отворањето на рудниците во струмичко, соопштија дека даваат целосна поддршка на борбата за „Чебрен“. На социјалните мрежи веста ја сподели еден од најистакнатите еко-активисти во државата Крум Велков. Во прилог нивното соопштение:

Од името на граѓанската иницијатива Спас за Струмичка Котлина, изразуваме целосна поддршка и благодарност до сите вклучени во одбраната на хидроелектраната “Чебрен” и на водените ресурси на нашата татковина. “Чебрен” е клучен за енергетската независност на државата. Ако ни ги заробат водите, ќе не заробат и нас.

Воедно, благодариме и за увидот во Кривичниот законик (види коментар), особено член 247, којшто е релевантен и комплементарен и за одредени сегменти од нашата борба против Рудникот на смртта во струмичко. Нека го разгледаат добро тие што со години лажат.

Изразуваме подготвеност за соработка и размена на искуства со носителите на борбата за “Чебрен”.
ЧЕБРЕН МОРА ДА БИДЕ МАКЕДОНСКИ!