НАТО распореди два носачи на авиони, разурнувачи и нуклеарна подморница во Јадранското Море

Сојузниците на САД и НАТО концентрираа две ударни групи носачи на авиони во Јадранското Море, покажуваат податоците од командата на 6-та американска оперативна флота.

Во регионот, меѓу другото, се носачот на авиони „Џорџ Буш“, италијанскиот носач на авиони „Кавур“, шпанскиот универзален десантен брод Хуан Карлос I, како и американски ракетен крстосувач, разурнувач и една италијанска фрегата.

Како што истакнуваат во 6-та флота, заедничките операции на бродови во Јадранот „ја покажуваат заедничката посветеност на НАТО за обезбедување безбедност во регионот“, пренесува Интерфакс.

Само американската група бродови, предводена од носачот на авиони „Џорџ Буш“ кој заплови во Средоземното Море на 25 август минатата година, вклучува ракетен крстосувач, четири разурнувачи и нуклеарна подморница со крстосувачки ракети Томахавк.