Изложбата ‘Превртена археологија’ на сликарите Алекс Флеминг и Вилсон Нето во мај во Скопје

Во Музејот на Град Скопје ќе се одржи изложба со бразилски уметници кои живееат и творат помеѓу Бразил и Берлин, за што беше одржана деновиве средба на Директорот на Музејот на град Скопје д-р Панче Велков во Берлин во Германија.

Станува збор за изложба насловена ”Превртена археологија” во која ке се претстават сликарите Алекс Флеминг и Вилсон Нето, познати со своите инсталиации во метрото на Сао Паоло во Бразил .

Куратор на оваа есклузивна изложба е Алдонсо Плацидио од Берлин, а отворањето на изложбата во Музејот на град Скопје е закажано за 16 мај 2024 година.