Први Мај

Денес, гордост на денешнициве
Само страв, притисок, штета, мржна, и крв е,
а ветерот како гатачка
предупредува на бесконечна борба за беда.

Но ова вака нема да оди,
ова потиснување нема да продолжи,
дерењето на народот ќе престане!
Сонот ќе заврши,
ќе се разбуди ѕверот од ехот на звухот од машините;
општесвената реалност ќе се оствари;
ќе почне нов живот, кај нас и насекаде;
ќе останат несменети и вечно закочени
датумите на Први мај;
празникот на работните и вредните
и сите оние бедните!

Ќе дојде пролетта;
радоста со птиците од тука преку цел свет ќе долета,
гордо ќе напредува народот поносен од беста;
по патот на револуцијата и просветата свесна!

Ќе се роди потполно ново сонце зад планините,
отаде зелените ридови, среќен живот наѕира
од високорамнините и планинските ридови.

Мојата земја со љубов ја полива работничка песна;
песна од радост и задоволство пропеана!

Хактан, 2012