Ванковска: Од Европа нè третираат како инфатилни, а ЕУ одамна не е место на благосостојба

Европа се милитаризира и наместо повеќе за социјала или како викаат за леб и путер даваат за оружје, посочи Билјана Ванковска во нејзиното интервју за емисијата Топ Тема на ТВ Телма.

Кандидатката за претседателската функција на Република Македонија од редовите на Левица, смета дека ЕУ нас нè третира како инфатилни, како и дека тоа одамна не е место на благосостојба.

-Нештата драматично се менуваат, а ние сме се фатиле како слеп за стап. Не велам дека треба да објавиме бојкот на Европска Унија, да прекинеме односи или било што од таков тип. Меѓутоа тие ем те третираат како инфатилен, ем тие нивни барања немаат никаква смисла со тоа што тие тврдат дека се, а ние и натаму веруваме дека тоа е земја на благосостојба.

Погледнете го целото интервју со проф. Билјана Ванковска.