Децата во Појасот Газа трпат психички повреди поради војна, глад, раселување и блокада

Децата во Појасот Газа постојано трпат психички повреди поради војна, глад, раселување и повеќегодишна блокада, соопшти денеска невладината организација „Спасете ги децата“.

Организацијата во извештајот наведува дека поради колапсот на здравствената заштита и психолошките служби во Појасот Газа ја ограничува можноста децата да добијат третман што им е потребен за да закрепнат.

Директорот на организацијата „Спасете ги децата“ во Појасот Газа, Џејсон Ли истакна дека се надева оти психолошките последици од војната можат да се отстранат со стручна поддршка.