Максим ја продаде кучата, Бугари во Устав е еден од приоритетите во неговата програма

Максим Димитриевски од Знам, во неговиот „Манифест за Македонија“, има истакнато дека внесувањето на Бугарите во Устав со одложено дејство е еден од приоритетите на неговата програма презентирана во кампањата за претседателската трка.

Како што објави на својот профил на Фејсбук, кумановскиот градоначалник ова денеска ќе им го презентира на крушевчани пред „Музејот Македониум“.