Крмов: „За разлика од ДПМНЕ, ние никогаш не се договаравме со СДС“

„Мислам дека не можевме многу повеќе да направиме со два пратеника. Ние како двајца пратеници од Левица работевме со многу слаба инфраструктура, ние немавме ни пратеничка група. Кога ќе видите, сите закони ние што ги предложивме, најголем дел беа одбиени“, вели Борис Крмов, актуелниот пратеник во македонското Собрание.

Носителит на УЕ 4, на листата на Левица, потсетува на неговата работа во законодавниот дом на Република Македонија.

-Најштетните закони ние ги блокиравме. Ние од нашите принципи никогаш не отстапивме, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, коишто, за жал, се покажаа како еден вид лажна опозиција. Додека им одговараше, пружеа отпор. Во моментот кога не им одговараше, настапуваше договор помеѓу нив, СДС и ДУИ и тогаш тие се повлекуваа. Ние никогаш не се повлековме! Секогаш останавме на принципите и, еве, последно нешто големо што се случи, беше скандалозното носење на Деловникот, на коешто опозицијата си седеше мирна на столчињата, додека ние пруживме максимален отпор“, вели Крмов.