Оштетени бесценетите мозаици во Хераклеја Линкестис

Мозаиците на „Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис” кој е споменик на културата се оштетени поради негрижа и несоодветно и нестручно постапување. Oд страна на директорката Мери Стојанова.

По налог на директорката, група на момчиња вклучително и нејзиниот син, со договор на дело  биле ангажирани за откривање на мозаиците во античкиот локалитет  Хераклеја Линкестис, што не било извршено со стручен надзор и надвор од оперативен распоред за работа, и иако според програмата тоа требало да се случи на почетокот на јуни. Но директорката, без да ги почитува насоките од стручните кадри и плановите за работа кои гарантираат следење на професионални постапки и методи, нестручно постапила по свое.  Момчињата без надзор на стручни лица конзерватори-реставратори,  од заштитната песок што се поставува во зимскиот период,  откриле 7 мозаици и при тоа направиле сериозни  оштетувања на неколку места.

По објавата на оваа информација Стојановска се обраќа писмено со изговор во кој вели:

Причините за лошата состојба на дел од мозаиците се многу комплексни и апсурдно е да се тврди дека наведените оштетувања се резултат токму на откривањето на мозаиците. Познавачите на проблематиката многу лесно ги утврдуваат небулозите произнесени во јавноста, без никаква поткрепа и факти. Грижата за културното наследство можеме да ја изнесеме преку бројки. Во изминатите неколку години институцијата има најголем буџет во државата, во делот на заштитата се движи над 25.000.000 денари, средства доделени од Министерството за култура. Во изминатите три години дополнително обезбедивме преку 350.000 евра од странски фондови, што не било случај со десетици години порано, а можеби и никогаш. Токму еден од тие проекти е досега најголемиот конзерваторски проект на мозаичните површини и градби во Хераклеја, за кој јавноста наскоро ќе има можност да чуе многу повеќе. Во сите установи од заштитата, на безброј проекти, по потреба биле ангажирани млади луѓе, дел од нив деца на вработени, кои имале афинитети за оваа област и кои подоцна се профилирале за професии поврзани со заштитата на културното наследство. Впрочем и ние, кои сега сме вработени, така сме ја стекнале љубовта кон професијата. Ангажираните млади од страна на Завод и Музеј, континуирано работеле само затоа што совесно и чесно ја извршувале својата работа и ништо друго. Доколку и досега се работело несовесно, должност на стручните лица била да се извести и да се отстранат недоследностите, што очигледно не било случај“, вели Стојанова.

Во Хераклеа Линкестис, постојат 13 мозаици од 4. и 5. век на површина од над 1. 100 м2 и се сметаат за бесценето културно богатство. Како ќе реагираат надлежните институции за направената штета, за непотизмот и самоволието на директорката, допрва ќе се види, особено што пред неколку недели и затаи обезбедувањето и беше украден пиштол од музејските постановки, а манастирот “Свети Ѓорги“ во Курбиново пола година е затворен.