Крмов: Левица е реална опасност само за СДС

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, на својот фејсбук профил реагираше за нападите кон Левица од страна на власта, при што објави слика од исто соопштение кое секој ден СДСМ го праќа до медиумите.

Очигледно дека Левица е „реална опасност“ и „вистинска закана“ само за СДС!

Веќе 5-6 дена по ред, Центарот за комуникација на СДС го лиферува буквално истото соопштение од 5 реченици, со мала измена или ротација на клучните зборови. Еден ден е „Левица“, друг ден е „партијата предводена од Апасиев“. Еден ден „реална опасност“ и „вистинска закана“ се на почетокот на реченицата, наредниот се на крајот и т.н.

Со потег на очајници, малку пребуквално ја сфатиле онаа „1000 пати изговорена лага станува вистина“. – напиша пратеникот од Левица.