Отворена огромна извонредна изложба на LEGO во Лондон

Изложбата наречена „Уметноста на тулата“, содржи 90 дела од Натан Савеја, уметник кој создава скулптури и мозаици целосно од LEGO коцки. Повеќе од милион лего коцки се макотрпно составени во  изложба во источен Лондон.

Познати уметнички дела, вклучувајќи ги Мона Лиза и Давид на Микеланџело, се реконструирани со LEGO, заедно со шестметарскиот Тираносаурус Рекс. Уметникот Нејтан Савеја, поранешен адвокат од Њујорк, рече дека е „многу возбуден“ што ќе го донесе во Лондон.

The Art of the Brick е најпознатата LEGO уметничка изложба во светот. По неколку годишна обиколка патувајќи во над 100 градови, низ 24 земји и 6 континенти – од Сиднеј до Шангај, до Париз, Рим и Њујорк, повторно е во Лондон.

Оваа колекција вклучува не само оригинални скулптури на уметникот, туку и нови верзии на големи ремек-дела како што се Давид на Микеланџело, Ѕвездената ноќ на Ван Гог и Мона Лиза на Леонардо да Винчи. Покрај ова, изложбата содржи и иновативна мултимедијална колекција LEGO произведена заедно со наградуваниот фотограф Дин Вест.