Левица: Вечерва народен собир во Охрид
Вечерва со почеток 19:30 часот ќе се одржи народен соби на политичката партија Левица.
Настанот ќе се одржи во Центар за култура „Григор Прличев’’ во Охрид, а на присутните ќе им се обратат претседателот Димитар Апасиев и носителката на Изборна единица 5, Јована Мојсоска.
Од Левица ги повикуваат граѓаните на Охрид да дојдат и да присуствуваат на собирот.