Европскиот суд го исклучи Косово од Организацијата на европски регулатори за електронски комуникации

По барање на Шпанија, Европскиот суд на правдата го исклучи Косово од учество во Организацијата на европски регулатори за електронски комуникации (БЕРЕК), соопшти врховниот суд на ЕУ.

Во соопштението се нагласува дека исклучувањето не е поврзано со тоа што ЕУ и неколку земји-членки не ја признаа независноста на Косово. Во своето соопштение судот потсетува дека ЕУ во периодот од 2001 до 2015 година потпишала договори за стабилизација и асоцијација со земјите од Западен Балкан и со Косово. Во текот и по 2018 година, Европската комисија презеде чекори кон развој на дигиталното општество и усогласување на законодавството на тие земји со законодавството на ЕУ.

Една од тие постапки беше вклучувањето на регионите во постоечките регулаторни тела или експертски групи, како што е БЕРЕК. Конкретно, тоа им овозможи на регулаторните органи на Косово да учествуваат во Одборот на регулатори и работни групи на БЕРЕК и во управниот одбор на канцеларијата на БЕРЕК. Во јуни 2019 година Шпанија покрена процес за поништување на таа одлука пред Општиот суд на ЕУ, кој беше отфрлен во пресудата од 23 декември 2020 година во случајот „Шпанија против Комисијата“.

Шпанските власти поднесоа жалба против таа одлука во ноември 2020 година, тврдејќи дека одлуката на Комисијата ги прекршува одредбите од сегашните регулативи на БЕРЕК што се однесуваат на соработката на Организацијата со телата на ЕУ, трети земји и меѓународни организации, бидејќи Косово не е во таа смисла „трета земја“.

Европскиот суд на правдата тогаш оцени дека Општиот суд направил грешка во примената на правото кога го идентификувал концептот на „трета земја“ во согласност со одредбите и таквиот уопштен концепт, но дека не била направена грешка кога било заклучено дека Косово може да се смета за „трета земја“ без прекршување на меѓународното право. Шпанија потоа се жалеше дека Комисијата отстапила од утврдената процедура за учество на националните регулаторни органи во БЕРЕК.

Пресудата на Општиот суд е поништена поради таа грешка. Европскиот суд на правдата ја донесува правосилната пресуда за случајот и ја поништува одлуката на Комисијата, бидејќи Комисијата немала овластување да ја донесе, се наведува во соопштението.

Сепак, Европскиот суд на правдата одлучи дека ефектите од одлуката на Комисијата треба да останат до стапувањето во сила на секој нов работен договор склучен меѓу БЕРЕК, канцеларијата на БЕРЕК и националните регулаторни органи на Косово. Но ефектите од таа одлука не можат да се задржат по разумен рок од шест месеци од денешниот датум.

Преземено од Инфомакс.