По иницијатива на Левица завршена е реконструкција и уредување на спортско игралиште во парк шума Гази Баба

ЈП Улици и Патишта по налог на градот Скопје целосно ги реконструираше спортските игралишта во парк шумата „Гази Баба“. Игралиштата за фудбал, ракомет и кошарка се реконструирани за првпат по неколку децении, а партерно се уредува и зазеленува и теренот околу игралиштата.

Од Левица – Град Скопје соопштија дека овој проект е спроведен по амандманите поднесени од нивна страна:

„На 13-тата Седница на Советот на Град Скопје, на која на дневен ред беше Предлог ребелансот на Буџетот на Град Скопје за 2022 год. По иницијатива на нашите советници во Советот, беа прифатени 2 амандмани:

Зголемување на износот во основниот Буџет на Градот Скопје, предвиден за работно ангажирање на невработени лица како образовни асистенти за ученици со посебни образовни потреби во средните училишта на Град Скопје. Така што, од 2022 учебна година образовните и личните асистенти кои работат со деца со попреченост во средните училишта во Скопје, ќе добијат зголемен надоместок од 9 на 18 илјади денари.

Реконструкција и уредување на спортско игралиште во парк шума Гази Баба со соодветна спортска опрема и соодветно уредување на просторот. Што еве конечно се реализира и оваа иницијатива.

Благодарност до работниците од ЈП Улица и Патишта, како и до сите учесници во реализација на оваа идеја. Парк шумата Гази Баба доби уште една причина (спротска) плус да биде посетена и искористена за спорт и рекреација на жителите на Скопје.“