Апасиев: Сообраќајната полиција го „дере“ народот – наплатени 350.000 евра за казни

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи сподели податок дека за последните месец и половина МВР само од радарски контроли и глоби наплатила 350.000 евра. Енормно високиот број на казни тој го нарече „дерење на живо“.

Дополнително пратеникот потсети дека Владата во меѓувреме ги пушти новите патарини, кои за македонскиот стандард се енормно високи и важат за едни од најскапите во Европа.

Дерење на живо – Сообраќајната полиција, само за месец и пол, од радарски контроли и ГЛОБИ за брзо возење по автопат, наплатила 350.000 ЕУР (со букви: триста и педесет илјади евра) од граѓаните!

Дополнително пратеникот потсети дека Владата во меѓувреме ги пушти новите патарини, кои за македонскиот стандард се енормно високи и важат за едни од најскапите во Европа, додавајчи дека од Левица се залагаат за враќање на возачките книшки и казнените поени.

Четирите патарини накај Штип ви се гратис од Владата.
p.s. Поради ова, Левица се залага за враќање на „казнените поени“ во возачките книшки.