Левица: Систематското уништување на антифашистичкото минато во Македонија продолжува

  • Реакција на Левица – ЛО Чаир

Паркот пред Општина Чаир, во кој во минатото беа изложени бисти на партизани од Народноослободителната Борба и кој ја комеморираше државотворноста на државата, именуван е во ,,Парк Украина’’ и со тоа стана уште еден пример во низата примери за систематско разорување на партизанското минато на Република Македонија.

Доколку ги земеме предвид неофашистичките и антисемитски приоритети на Владата која се обиде да ги рехабилитира и наметне Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети во рамка на проектот за ништење на антифашистичкото минато, заклучокот е дека активностите во оваа насока не прекинуваат.

Во паркот се наоѓа и неодамна поставената биста на некогашниот претседател на САД Вудро Вилсон, која во овој контекст ја дополнува тенденцијата на ширење на обележја кои ја означуваат нашата подреденост и статус на протектор и го оневозможуваат славењето на сопствената историја.