Над еден милион француски работници се дигнаа на протест против пензиската реформа на Макрон

Во цела Франција вчера над еден милион луѓе се собраа на протестите организирани поради несогласување со плановите на државата за реформа на пензискиот систем, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Министерството додаде дека на демонстрациите во Париз учествувале 87.000 луѓе, пренесе „Ројтерс“. Додека пак низ цела Франција протестирале 1,27 милиони луѓе што е поголема бројка од протестот оддржан пред 12 дена.

Ова е прва јавна демонстрација против пензиската реформа на 19 јануари. Франција забележа втор бран протести и штрајкови против плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Штрајкот веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за реформите“ и „Нема да се откажеме“. Многумина рекоа дека ќе продолжат да излегуваат на улица колку што е потребно.