(Видео) Црвена Младина го преименуваше „Паркот Украина“ во „Парк АСНОМ“
Паркот во Чаир во кој се наоѓаа бистите и спомениците на македонските партизани и учесници во НОБ, пред неколку дена беше преименуван во „Парк Украина“, а на овој чин на бришење на македонската меморија за анти-фашистичкото минато присуствуваа градоначалникот Висар Ганиу и амбасадорката на Украина Лариса Дир. Ова подгазување на македонското анти-фашистичко минато и македонските партизани од Црвена Младина го овениа како крајно недопустлив по што се впуштија во акција како што саркастично велат на исправување на „намерната или ненамерна грешка“.
„Денес Црвена Младина се погрижи да ја поправи намерната или ненамерна грешка и некогашниот парк на народните херои кој беше именуван Украина, го преименувавме АСНОМ. Дали некој свесно ја цензурира антифашистичката борба и дали тоа се наследниците на балистите и домашните врховисти оставаме да судите вие“ – стои во објавата на Црвена Младина.