Апасиев: СДС и ДПМНЕ дозволија „кадрите“ на ДУИ да земаат плата без да одат на работа

  • Во вчерашната емисијата „Аргумент +“ гостуваше Димитар Апасиев, кој беше запрашан за ситуацијата во Град Скопје поради која цел град остана неколку дена заглавен во ѓубре.

Според Апасиев „постапката на директорката на Комунална хигиена беше правилна“ и додаде дека праксата членови на ДУИ да се наоѓаат на платни списоци и да зимаат плата додека не одат на работа мора да заврши. Тој констатираше дека ова однесување на ДУИ би било невозможно доколку СДСМ и ДПМНЕ од позиција на власт за политички пазарења не му дозволеа ваква моќ на ДУИ.

„Комунална хигиена е упропастена од ДУИ, ДУИ што фатија исушија, беше претворена во завод за вработување на три фамилии и треба тоа да не го кажам? Потегот на директорката беше правилен, јас немам долг ниту кон Данела, ниту кон Косана за да морам да го кажам ова, но потегот на диреторката беше прваилен“, изјави Апасиев.

Во изјавата лидерот на Левица додаде дека нефункционалните јавни претпријатија се полни со кадри на ДУИ кои не одат на работа и земаат плата, а дел од нив овде добиваат плати, а работат во странство.