Лавров: Колегите од Западот се обидуваат да ги разнишаат принципите од Повелбата на ООН

„Навистина е пријатно да се биде повторно во Калининград, на Универзитетот со име на И.Кант, во западната форпост на Руската Федерација. Во јули оваа година бев на Владивосток, се сретнав со локални ученици и наставници од Далекуисточниот федерален округ.

На источната и западната граница на нашата Татковина, јасно се чувствува улогата на единствената поврзувачка врска во огромниот евроазиски простор. Историјата и географијата ги одредија нашите задачи за надворешна политика, курс со повеќе вектори. Немаме право да се одвраќаме од Запад или од Исток, ниту пак и да го игнорираме она што се случува на Југ. Нашата независна надворешна политика бара градење добрососедски односи со сите партнери во сите географски области.

Денес се среќаваме на БФУ И.Кант, еден од десетте руски универзитети со највисок научен и академски статус. Бројни иновативни програми за развој во областите на невронауката, вештачката интелигенција и екологијата се спроведуваат на овој универзитет. Околу илјада студенти се странски државјани, што уште еднаш го подвлекува високиот углед и авторитет на образовната институција.

Нашата средба се одржува на 80 години од почетокот на Големата војна за Татковината. СССР даде одлучувачки придонес за поразот на нацистичка Германија, за спас на Европа и светот од „кафеавата чума“. Денес, со големо жалење, ги набудуваме многукратните обиди за препишување и ревидирање на историјата на Втората светска војна и нејзините резултати, зацртани во пресудата на Нирнбершкиот трибунал и во Повелбата на ООН. Продолжуваме постојано да се спротивставуваме на ваквите обиди. Тие носат не само идеолошко разнебитување, туку и ја следат целта за преобликување на системот на меѓународни односи наследен по Втората светска војна, преку поткопување на основните принципи од Повелбата на ООН: сувереност и еднаквост на државите, немешање во внатрешните работи, мирно решавање спорови и почитување на правото на народите сами да ја определат својата судбина…

Колегите од Западот се обидуваат да ја разнишаат оваа архитектура, да го заменат меѓународното право и универзално договорените и одобрени документи, со некои нивни правила, за кои сметаат дека треба да се основа на светскиот поредок. Овие правила во никој случај не се развиени во мултилатерален формат. Мали групи, пред се на западните земји, донесуваат различни одлуки и ги претставуваат на остатокот од светот како универзални и обврзувачки. На пример, наместо решавање прашања во рамките на ООН, каде што се прикажани сите гледишта, западните колеги измислуваат платформи надвор од рамките на Организацијата.

На крајот на 2020 година, американските колеги објавија дека планираат да одржат Самит за демократија. Тие самите ќе го одредат кругот на поканети (односно степенот на „демократизација“ на оваа или онаа држава) и агендата. Нема сомнение дека резултатите ќе бидат претставени како крајна вистина, и сите други „заостанати“ земји кои не можат да се наречат „развиени демократии“ ќе треба да го земат тоа како водич за акција. Во 2019 година, Французите и Германците започнаа сличен процес со иницијативата Алијанса за мултилатералност. Прашавме зошто да не ги организираме овие дискусии во ООН. Што може да биде повеќе мултилатерално од Организација со единствен легитимитет, во која се претставени сите земји во светот? Ни беше кажано дека не секој го разбира мултилатерализмот „правилно“, затоа сакаат да обезбедат сојуз на „ефективни мултилатералисти“. На прашањето зошто е невозможно да се дискутира за вакви прашања во кругот на сите земји во светот? – Францускиот претседател Е. Макрон рече дека „заостанатите“ не треба да ја заглават иницијативата на „лидерите“. Овие пристапи недвосмислено ја покажуваат желбата за оддалечување од принципите за еднаквост во меѓународниот систем основани во Повелбата на ООН.

Кога се распадна СССР, западните држави почнаа активно да ја промовираат идејата дека сега светот е „конечно дефиниран“. Политиколозите како Ф. Фукујама тој период го нарекоа „Крајот на историјата“, што значи дека комунизмот и сите други алтернативи на либералниот светски поредок и филозофија повеќе не постојат, отсега и засекогаш. Многумина од вас веројатно ќе се сетат како вашите западни колеги ја присвоија титулата „арбитри на светската судбина“ и почнаа да ги промовираат своите методи за водење меѓународни работи. Всушност, тие извезуваат демократија, наметнувајќи ги, вклучително и со сила, вредностите и рецептите што им се туѓи на другите народи. Многу земји станаа жртви на овој вид „линии“: Југославија, Ирак, Либија, Сирија.

Кулминацијата на политиката за прилагодување на одредени ситуации без да се земат предвид ставовите на другите заинтересирани земји беше државниот удар во Украина, февруари 2014 година. На Запад, тие сега претпочитаат да не се сеќаваат на тоа дека Германија, Франција и Полска (вашите соседи) беа гаранти на постигнатиот договор помеѓу тогашниот претседател В.Ф.Јанукович и опозицијата. Кога опозицијата буквално наутро изврши државен удар, Германците, Французите и Полјаците ги напуштија своите гаранции, санкционирајќи го преземањето на власта од ултранационалисти и неонацисти. Целта беше апсолутно јасна – да се создаде жариште на напнатост во близина на границите на нашата земја, да се исчисти просторот на Исток за последователно да следи негово геополитичко освојување. (…)

Цврсто ги браниме националните интереси, но никогаш не прибегнуваме кон автокаргија, самоизолација и конфронтација. Промовираме агенда, која има за цел обединување на земјите врз основа на меѓународното право и принципите на Повелбата на ООН. Во оваа насока, плодно се развива соработката со повеќето држави. Меѓу нив се нашите сојузници и соработници во ОДКБ, ЗНД, ШОС, EАЕУ и БРИКС. (…)

За жал, нашите западни партнери сѐ уште не се подготвени да соработуваат на ист начин. Во повеќе наврати потенциравме дека доколку нашите европски колеги се заинтересирани да развијат односи со нас врз принципите на еднаквост, заемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси, тогаш руската страна ќе биде целосна подготвена за соработка. Ние сме дел од голема Европа, соседи. И покрај сегашната криза во односите со Западот, постојат голем број области каде што нашата соработка е многу актуелна. (…)

Драги другари,

Убеден сум дека е невозможно да се замисли вистинска суверена политика без патриотизам и барање од нашите граѓани. Сакам да Ве уверам дека руското раководство ќе продолжи максимално да ги користи сите ресурси, вклучително и надворешната политика, во корист на многунационалниот народ во земјата. Линијата што ја одбра рускиот претседател Владимир Путин на меѓународна сцена е од долгорочна стратешка природа и не подлежи на флуктуации во политичкото опкружување. Неговиот главен фокус беше и останува создавањето на најповолни надворешни услови за целосен развој на земјата, обезбедување безбедност и подобрување на животниот стандард на нашите граѓани.“