Пендиков може да биде кривично гонет за навредите кон Македонија и Македонците

Најмалку пет години затвор му се закануваат на Христијан Пендиков, човекот кој доби еден вид херојски статус во Бугарија, ако Обвинителството отвори постапка против него за прекршување на член 308 од Кривичниот законик. Според познавачите тој би можел да одговара за дела против суверенитетот на Македонија, ако надлежните институции постапат како во вистинска правна др/ава.

Адвокатот Драган Пешевски, вели дека кога е Пендиков во прашање постои сомнеж дека го прекршил Кривичниот законик по членот каде пишува: Граѓанин на Македонија кој ќе ја доведе државата во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

„Треба да сфатиме дека неговото однесување и тоа како Македонија ја става во потчинета и незавидна позиција. Треба да го гледаме како антидржавен елемент и треба да се префрлиме во главата на кривичните дела кои што се против државата. Затоа сметам дека истиот има сторено кривично дело загрзување на суверенитетот на Република Македонија по член 308, каде што е предвидена од најмалку пет години, а горната граница не е утврдена“, изјави Пешевски за Алфа.

Според адвокатот Јанаки Митровски, Пендиков би можел да се гони за сторени кривични дела против угледот и честа на државата, односно членовите 178 и 179 од Кривичниот законик.

Во нив е наведено дека: Тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Македонија, нејзиното знаме, грб или химна, и тој што со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Македонија, ќе се казни со парична казна.

„И Пендиков и било кој друг наш или странски државјанин, бидејќи е делото против нас вршено е подложен на кривичен прогон по членовите 178 и 179, кои што се од главата на дела против честа и угледот односно изнесување на подбив на Република Македонија како држава и нејзините симболи, грб, знаме, химна. Ваква кривично правна заштита, нашата држава требаше да бара уште кога почнаа да никнуваат како печурки после дожд, инспирарани од бугарското разузнавање да не лажеме, наци клубчиња со имиња на наци колаборатори“, изјави Митровски за Алфа.

Извор: Алфа.мк