АктуелноИнтервјуИнтернационално

(Видео) Апасиев: Народот треба да знае дека само нашата платформа е македонска

Ние градиме структура шест години наназад и не сме балон кој што ќе изгори после еден изборен циклус! Ние сме жив организам кој е отпорен, кој е доста „незгоден“. На долг рок Левица и те како има предност и ние трчаме маратон, а не спринт!

Левица има идеолошки лепак, Левица ја гласаат младите луѓе! Ние сме партија која работи со братство и единство на дело! Не сме националистичка партија, повеќе Турци може да влезат преку Левица во парламент, отколку преку овие „турски партии“ кои коалицираат со СДС или ДПМНЕ.

Нашата задача е да ги мотивираме младите луѓе да се вратат во своите родни градови и да гласаат! На овие избори станува збор за три платформи. Бугарската на македонските продадени политичари, Тиранската на албанскиот политички блок и Македонската платформа на Левица! Само нашата платформа е национална и во насока на сочувување на националниот и територијалниот интегритет!