Левица ги претстави најмладите кандидати за пратеници

Ви ги претставуваме најмладите кандидати за пратеници на политичката партија Левица. Како партија на младите Левица ја понуди најмладата пратеничка листа на овие избори и поради тоа, Левица ќе биде единствениот легитимен претставник на младите во собранието, посочија од партијата.

-Веруваме дека енергијата, храброста и страста која ги краси нашите млади кадри е она што мора да биде главниот двигател на промените. Како и во сите претходни револуционерни движења во Македонија, така и денес, во различни околности, младите МОРААТ да бидат предводници и предвесници на промените.