Левица: Директорката на АД Аеродроми – Халими дала службено возило за управување на малолетно лице

  • Реакција на Политичката партија Левица

Скандалозниот избор на поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС – Миликије Халими, ја потврди партизацијата и заробеноста на државата, која Македонија ја претворија во хибриден РЕЖИМ. Оваа вечна функционерка на СДС, со средно медицинско образование, ќе раководи со двата меѓународни аеродроми (во оној дел кој не е под концесија на ТАВ), како и со спортските аеродроми.

За непрофесионалното работење на Халими говори податокот до кој дојде #Левица, според кој Халими била ПРАВОСИЛНО осудена додека била градоначалник на општина Арачиново. Имено, во 2019 година, Судот пресудил дека општина Арачиново преку Миликије Халими, со пропуштање на должен надзор му дозволиле на возачот, кој е МАЛОЛЕТНО лице, да управува со нивното возило без да се стекне со право на управување на моторно возило – факти според кои се утврдува постоењето на прекршочната одговорност!

Ова го потврдува непрофесионалното работење на партиските кадри на Заев, кои продолжуваат да ги уништуваат државните институции и под владеењето на Ковачевски. Како Халими ќе раководи со стратешки ресор, како што се аеродромите, кога веќе на суд е докажано нејзиното недомаќинско работење во општина Арачиново

Бараме Владата да ги надмине своите тесно партиски интереси и итно да ја РАЗРЕШИ Миликије Халими од позицијата генерален директор на АД „Аеродроми”!