Црвена Младина го отстрани транспарентот “Македонија е бугарска” во Благоевград

  • Соопштение на Црвена Младина

На денешното отварање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград, осамна транспаранет поставен од бугарски шовинисти на кој пишуваше „Македонија е Бугарска”, кој очигледно служеше за провокација и навреда.

Нашите активисти кои денес беа присутни во Благоевград веднаш реагираа, го отстранија и фрлија навредливиот транспарент.

Остро го осудуваме ваквиот чин кој воопшто не доликува на земја членка на ЕУ која треба наводно да гаи европски а не фашистички вредности, и порачуваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме нашите асномски идеали и нема да дозволиме омаловажување и релативизирање на истите.

Да живее Македонија!
Да живее АСНОМ!