Јанески: Протестираме до крај и не се предаваме

Претседателот на Црвена Младина, Марио Јанески на вчерашните протести во изјава за ТВ Алфа истакна дека нема повлекување од протестите кои се одржуваат секој ден во 19:00 часот пред Владата на Република Македонија.

„Не заминуваме, ќе истраеме и нема да се предадеме никогаш. Овде сме затоа што ни оставиле аманет Илинденците, ни оставиле аманет партизаните и ние сме спремни да ја продолжиме оваа борба и да оставиме аманет на наредните генерации да продолжат да се борат.”

Не сакаме ЕУ во вакви услови и ова наликува на европски фашизам, а не на европски вредности, додаде тој.

„Не сакаме да влеземе во Европската Унија под вакви услови и ултиматуми. Овој предлог не содржи никакви европски вредности, напротив, ова повеќе наликува на некаков европски фашизам”.

Протестите против францускиот предлог продолжуваат и денес во 19:00 часот, а најавено е и радикализирање на истите од страната на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.