Да се собереме единствени барем еднаш во овој 21 век и да кажеме едно заедничко НЕ

  • Пишува – М-р д-р Јохан Ѓорѓиоски, специјалист психијатар

Народ кој се соочува со разнебитување на својата историја, со откорнување на корените кои се длабоко во неговото минато, се соочува не само со сериозни идентитетски фрустрации,туку и со тешки интрапсихички конфликти на индивидуален план. Последиците неизбежно ќе доведат до апатичен поразен народ со изгубена самопочит и самодоверба и со тешки психички и психосоматски заболувања. Со тоа се соочуваме последните децении од осамостојувањето, а веројатно ќе бидеме како народ клинички мртви кога/ако станеме членка на ЕУ.

Се разбира тоа е подоброто сценарио. Има опција воопшто да не ги преживееме како македонски народ и македонска држава неподносливо понижувачките уцени од ЕУ и НАТО и САД. Да бидеме барем зрнце одлучни и храбри како што биле Гоце Делчев, Јане Сандански и Кузман, Питу… Не ни треба по секоја цена влез во ЕУ како клинички мртва држава и клинички мртов народ со изгубен идентитет и без никакво достоинство и самопочит.

Да се замислиме браќа и сестри Македонци за нашите деца и внуци да можат да живеат со гордост како Македонци.
Да се собереме единствени барем еднаш во овој 21 век и да кажеме едно заедничко НЕ на грубите и крајно непристојни уцени.

Не на Бугарија, но истовремено и НЕ на ЕУ и НАТО ако продолжат да не’ уценуваат како мивка држава и мивка народ погодни за секаквo поткусурување.

Ако имаме гордост да се исправиме пред самите себе и својата совест но и пред своите предци, а сето тоа со одговорност за нашите деца и потомци.

Да живее македонскиот народ и македонската држава.