Левица продолжува да ги решава проблемите на Охриѓани

  • Соопштение на ЛО Левица Охрид

На 31.11.2022 година, советникот на Левица – Охрид – Виолета Аврамоска, до претседателот на Совет – Сашо Донев, поднесе иницијатива за чистење на коритото на Коселска Река со образложение дека чистењето на коритото е неопходно и итно поради опасност од излевање на водата и поплава.

Иницијативата, како и многу други иницијативи беше игнорирана од страна на Претседателот на совет, но сепак денес 24.11.2022 година беше реализирана од страна на ЈП ,,Комуналец” и ЈП ,,Водовод”, чии екипи започнаа да го чистат коритото на Коселска Река.

ЛЕВИЦА – Охрид и во иднина ќе продолжи да ги решава проблемите на охриѓани.