АктуелноЛокално

Џафери планира да го шверцува „францускиот предлог“ до крајот на неделата

До крајот на неделата се очекува седница за „францускиот предлог “- вели за ТВ 24 собранискиот претседател Талат Џафери.

„Во оној момент кога ќе достави Владата материјал, седницата ќе биде закажана“ – вели Претседателот на Собранието.

Според информациите, иако документите се’ уште не се преведени од англиски јазик и протоколот не е објавен, сепак се очекува утре предлогот да помине на Владина седница, а потоа и да се најде пред Собранието.

Народните избраници се очекува да расправаат по Информација за францускиот предлог, а на крај да се гласаат заклучоци.

За да почне седницата потребни се 61 глас, а заклучоците се гласаат со просто мнозинство, односно со најмалку една третина од пратениците, што би значело со 40 гласа.