Мециновиќ:Македонската држава не ги заштитува Македонските конституенти

Изјава на Амар Мециновиќ – портпарол на политичката партија Левица за Само Вистина

За поднесената иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Гостивар, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во гостиварското село Симница, во чест на балистот Џемо Хаса како и почитувањето на знамињата во општините, Портпаролот на Левица Амар Мециновиќ во Само Вистина изјави дека не постои инспекција ниту инспекциско тело.

Не постои инспекција, не постои инспекциско тело кое врши надзор на состојбата и применувањето на законот за употреба на знамињата во републиката, значи кога се однесува за Македонските конституенти,Македонската држава просто не ги заштитува и не ги санкционира спротивните дејствија.