Апасиев: Повеќе пратеници за Левица за одбрана на македонските интереси

Димитар Апасиев од Крушево истаткна дека пратениците на Левица во изминатиот мандат покажаа борбеност и пркос во Собранието и дека на 8-ми мај народот ќе има можност да гласа за промена, а не замена со партии кои со децении ја разнебитуваат Републиката.

Како дел од активностите, носителот на листа Јована Мојсоска положи свежо цвеќе на партизанските гробишта, кои за жал, се во запуштена состојба.

Кога Македонија е под закана на Софиска и Тиранска платформа, овие избори се клучни за ставање крај на ваквите анти-македонски уцени и затоа повикуваме на 8-ми мај народот масовно да гласа за МАКЕДОНСКАТА платформа на #Левица!