Мојсоска: Активистите треба да се внатре во институциите, инаку секоја борба е борба со ветерници

Јас сум Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица и носител на листата со пратеници во ИЕ 5, се вели во промотивното видео испратено од Левица.

– Мојата младот ја одбележа активизмот, борбата за заштита на бездомни животни, борбата за студентскиот стандард, зачувување на животната средина. После извесен период сфатив дека вонинстуционалната борба е борба со ветерници. Сфатив дека активистите кои секојдневно се борат против општествените аномалии, треба да се внатре во институциите, а потпросечните и игнорантните треба да ги избркаме од институциите каде се креираат нашите животи.“ Јована Мојсоска , генерален секретар на Левица

Во програмата на Левица се предвидуваат заштитени национални подрачја и трајни забрани за лов, дефинирање на резервати и природни живеалишта, заштитени коридори;

Центри за спасување на повредени диви животни, забрана за ловење во национални паркови, ревидирање на концесии на ловишта, затворање на сите зоолошки градини освен онаа во Скопје❗

Се предвидува и:

1️⃣Изградба на регионални прифатилишта за хуман третман на кучиња-скитници и други бездомни животни, во сите поголеми општини, под управа на докажани активисти во областа на благосостојбата на животните (animal rights activists).

2️⃣ Рестрикции на одгледувачници на расни кучиња (со примена на прогресивно одданочување), со цел намалување на бројот на бездомни животни.

3️⃣ Воведување специјални правила за посебен третман на т.н. агресивни кучиња кои се опасност по децата и луѓето.

4️⃣Воведување Регистар на сопственици на домашни миленици, со електронска централна база на вградени чипови.

5️⃣Доследно спроведување на Програмата „Залови-стерилизирај-вакцинирај-врати“, според утврдената динамика и во соработка со постоечките регионални стационари.

6️⃣Субвенционирање на кастрации и стерилизации на животни, во зависност од материјалната состојба на сопственикот

7️⃣ Подобрување на работата на инспекциските служби и унапредување на меѓуресорската соработка помеѓу инволвираните субјекти (Агенција за храна и ветеринарство, ветеринарни болници, МВР и сл.).

8️⃣ Воведување евиденција на мачители за поединци кои се санкионирани за мачење животни, со забрана за идно чување домашни животни.

9️⃣Проширување на листата на забранети отрови и други хемиски препарати, строга контрола на увозот и продажбата на опасни отрови.

📢 Јована Мојсоска природно, искрено, со многу жар ги брани животните и нивните права, затоа што во тоа верува. Поддршка секогаш и за се наша Јована, па да те гледаме во Собрание!

Погледнете го видеото тука.