Проекција на „Чапаев“ – 100 години Октомвриска револуција

Понеделник, 23 октомври, во 19:00, во Социјален центар „Дуња“.
Текстот е преземен од fb настанот.


Продолжуваме со одбележување на 100-годишнината од Октомвриската револуција со проекција на филм кој го опфаќа тој период.

Во октомври 1917 во тогашната царска Русија, работниците, предводени од Болшевичката фракција на Руската Социјал-демократска Работничка Партија, за прв пат во историјата успеале да дојдат на власт во една земја. Но, веднаш по револуцијата следува крвава граѓанска војна, пред сè помеѓу Црвената армија (поддржувачите на болшевичката идеја на социјализам) и Белата армија (коалиција од поддршувачите на монархијата, на капитализмот, поддржани од другите капиталистички сили, но и помали групи на поддржувачи на други форми на социјализам), но и други помали независни страни во граѓанската војна кои се бореле против двете поголеми армии.

Овој понеделник (23.10) го проектираме фимот „Чапаев“ (1934, режија: Сергеј и Грегориј Васиљеви). Филмот е базиран на книга за Василиј Иванович Чапаев (1887-1919), командант на 25-тата дивизија на Црвената армија. Чапаев бил селанец без никакво формално образование, но со голема животна мудрост стекната на улица. Бил одликуван херој во Првата светска војна и подоцна во Граѓанската војна во Русија, која следувала по Октомвриската револуција. Овој човек од акција секогаш се борел на страната на сиромашните. Неговата војска се состоела од селани, исто како и тој самиот. Иако неписмен, брилијантно ги опишувал своите борбени тактики со движење на компири на масата. Тој никогаш не загубил битка против искусните генерали на Царската војска.

По филмот следува дискусија за него и за периодот што тој го опфаќа. Гостин-воведничар: Александар Атевиќ.

Најава на следни проекции:

01.11.2017 (среда) // 19:00 // Проекција на „Црвени“ (Reds, 1981)
08.11.2017 (среда) // 19:00 // Проекција на „Алекса Дундиќ“ (Олеко Дундич, 1958)