Илегална албанска паралелка во село без Албанци

Во општина Чашка со одлука на МОН, министерот Јетон Шаќири отвори албанска паралелка која при тоа не ги исполнува условите за тоа.

Повеќе од три недели беше прекината наставата, а влезот во школото со жив штит се чуваше од страна на родителите на учениците Македонци. Тие не дозволуваат противзаконско и вонстатутарно отворање на албанска паралелка која со посебен акт ја потпиша министерот Шаќири.

Тој ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Чашка, ја назначи преку ноќ директорката Елена Николова од СДС, и насред учебна година од мешана паралелка се обидува да создаде албанска паралелка со што го навлече гневот на загрижените родители и жители на Чашка, рече советникот од Левица во Советот на општина Велес, Игор Смилев.

Ќерката на директорот на училиштето Тодор Јанев деновиве доби вработување во Државниот просеветен инспекторат како заслуга за успешната реализација на директорот, напиша Димитар Абрашев исто така советник од Политичката Партија Левица во Општина Велес.

Во контекст на изнесеното Димитар Апасиев пратеник и претседател на Политичката Партија Левица објави: