Јанчев: Власта работи за профит на банките

  • Пишува Саше Јанчев – член на Советот во Општина Гевгелија

Вчера во Собрание пратениците на СДС имаа шанса на народот да му спасат од 40 до 50 милиони евра, ама они одлучија да не гласаат и да одработат за банките кои го дерат народот со нивните измислени провизии.

Само првите две банки, Стопанска и Комерцијална, годишно прават по 16 мил евра од провизии кои ги наплаќаат. Сите банки заедно од овие провизии на граѓаните им земаат од 40 до 50 милиони евра годишно.

Напоменувам, НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА КАМАТИ.

Станува збор провизии кои сегашниот закон им овозможува сами да си ги утврдат. Значи банките имаат слобода сами да одредат за шо ќе ви наплаќаат и колку.

Така кога плаќате таксена марка, 30 денари ви зема банката. Отварате нова сметка, ви наплаќаат 35 денари. Ако имате виза или мастер картички, ви зимаат редовно по 125 денари. Плаќате нешто со картичка од дома, ви земаат 15 денари. За проверка на состојба на сметка, дали имате или не пари, ви земаат 15 денари. Ако сте на една банка клиент, а вадите пари од друга ви земаат миниму 300 денари. Враќате кредит и сакате потврда дека сте го вратиле, мора да си платите 300 денари. Да отворите сметка онлајн плаќате 300 денари, да ја затворите сметката треба да платите 1 000 денари. За извод од сметка ви земаат 10 денари. Да повлечете грешен налог ви земаат 150 денара. Да активирате мобилно банкарство ви земаат 15 денара. Извештај за присилна наплата од извршители, 500 денари. Ако на ваше дете отворите сметак за штедење месечно ви земаат по пола евро или евро месечно.

Се на куп од 40 до 50 милиони евра годишно на грбот на народот.

И вчера на седница на Собрание, по иницијатива на Левица, имаше антипровизиски закон, а СДС решија да не го гласаат и да одработат за банките. А можеа со едно кревање рака да му заштедат на народот од 40 до 50 милиони евра.

Пак да си ги гласате