Тренчевска ги остави пензионерите за нова година без пензии

  • Реакција на Левица – Социјален сектор

Новата година е на прагот, но за жал пензионерите нема да можат да му се израдуваат на празникот, од проста причина што ќе останат без пензии.

Досега, скоро секогаш МТСП за Нова година предпразнично, предвреме ги исплаќаше декемвриските пензии, но оваа година тоа не е случај и пензионерите ќе ги добијат своите пензии дури на 2ри, а некои и на 3ти јануари.

Ако се земе предвид фактот, дека пензионерите со своите пензии едвај врзуваат крај со крај и пензиите им траат 10тина дена, крајно нечовечки е МТСП да ги остави пензионерите предпразнично без пензии.

Ова е уште еден показател дека оваа ненародна Влада има изгубено чувство за реалноста и воопшто не им е грижа за народот, а најмалку за пензионерите и затоа ќе бидат “казнети” од народот на следните избори.

All reactions:

217Katerina Jovanovska, Борислав Крмов and 215 others