Левица: Лицемерието на СДС ги принуди работниците да работат и во недела

  • Реакција на Политичката партија Левица

Лицемерната СДС, која само прокламативно се грижи за работниците, повторно се докажа како најголем душман на работничката класа! Иако токму СДС како најголем проект го промовира “недела – неработен ден”, Владата на чело со Ковачевски вчера даде препорака да се работи за Нова Година и следниот ден, како и за Бадник и Божиќ!?

Јасно е дека оваа препорака се носи само во интерес на БИЗНИСИТЕ, кои дебело ќе профитираат за време на празниците, преку експлоатација на незаштитениот работник. Дополнително, самоволието и насилништвото на социјал-демократите оди до степен да препорака ја става над законот, со кој се предвидува забрана за работа во недела.

Откако оваа неспособна власт го доведе работникот на работ на егзистенција, сега го принудува за дополнителен приход да работи, кога сите одмараат. Наместо овие празнични денови, работниците да ги поминат со своите семејства, тешката економска состојба во државата и големата инфлација не му остава избор на работникот освен да работи за да преживее.

За потсетување, СДС во својата програма ветуваше ШЕСТ ЧАСОВНО РАБОТНО за повозрасните работници.

Левица ја повикува Владата да ја повлече оваа лицемерна и незаконска препорака и наместо да ги повикува работниците на работа во празник, да го ограничи самоволието на големите маркети кои во кризата остварија мегаломански профити!