Апасиев: Бранимир Јовановиќ поставен на украдениот фб пејџ на Левица

Апропо пресретнатиот обид за пуч во политичката партија Левица, Димитар Апасиев обелодени дека Бранимир Јовановиќ, советник на Министерот за финансии во Владата сочинета од коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, бил назначен за администратор на ФБ пејџот на партијата.

„Советникот на Министерот за финансии во ВЛАДАТА НА СДС поставен за нов админ на украдениот фб пејџ на Левица <3
p.s. Сега дали ви е појасно како е оркестрирана и водена владината кампања за смислен ПУЧ во Левица и чив приврзок е Здравко Савески?
Среќа што дејствувавме навремено, па успеавме да ја спасиме Партијата од четвртиот обид за преземање“, вели Димитар Апасиев на својот ФБ профил.

Советникот на Министерот за финансии во ВЛАДАТА НА СДС поставен за нов админ на украдениот фб пејџ на Левица <3p.s….

Публикувахте от Димитар Апасиев в Неделя, 17 февруари 2019 г.