Левица блокираше закон наменет за да може урбанистичката мафија да продолжи со малверзации

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Денес, на 8-ми февруари, Левица успешно ги блокираше штетните измени на Законот за урбанистичко планирање кои на шверцерски начин беа предложени од страна на ДПМНЕ и поддржани од СДС и ДУИ.

Нивното барање е роковите за започнатите постапки за донесување, како и постапките за изменување и дополнување на урбанистичките планови за кои е одобрена планска програма до денот на отпочнување на примена на овој закон, да продолжат согласно одредбите на законите според кои се започнати и наместо за четири да се пролонгираат на осум години од денот на влегувањето во сила на овој предлог-закон.

Со ова, ќе им се овозможи на сите манипулатори поврзани со урбанистичката мафија, да оставаат на долг временски рок свои темпирани бомби, кои ќе можат да изржат не една, туку дури и две промени на власт на локално ниво, се до конечно реализирање на своите соништа. Се што ќе треба да дочекаат е власт волна да се спогоди со нив или да се купи од нивна страна, истовремено врзувајќи им ги рацете на оние кои би сакале тоа да го сменат.

Времето на важење на еден ДУП е само 5 години, а се бараат 8 години важност на планска програма, што е апсурд. За 8 години можат драстично да се изменат условите на терен и параметрите дадени во планската програма воопшто да не одговараат на тогашната ситуација.

Од тие причини, и секогаш имајќи ги во предвид интересот на граѓаните, пред интересот на олигарсите, Левица, со само двајца пратеници успешно го блокираше предлог законот.